X
 30.07.2025 Живот

Сакал да заработи со „лајкнување“, па останал без 23.800 евра

Маж од Хрватска пријавил во полиција интернет-измама поради која останал без 23.800 евра - ги уплаќал за да заработи преку гледање видеа и „лајкнување“ со мобилна апликација.

На почетокот на јуни 47-годишен жител на Бјеловар бил додаден во група преку мобилна апликација, во која имало околу 1.300 лица. Во групата му било понудено да заработува преку извршување едноставни задачи кои најчесто се состоеле од гледање видеосодржини и „лајкнување“.

Му било објаснето дека треба однапред да уплатува одредени суми за да му биде овозможена исплата на заработката за завршените задачи како еден вид депозит, односно активациски надоместок што е неопходен за пристап до системот за исплата.

Мажот во наредните недели уплатувал пари на различни сметки. По вкупно уплатени 23.800 евра, комуникацијата прекинала, а ветената заработка не била исплатена.

Од полицијата соопштија дека ќе следи истрага и ги повикаа граѓаните на претпазливост при користење интернет-апликации кои ветуваат брза заработка.

- Не подлегнувајте на лажни ветувања и не уплатувајте пари на непознати лица преку непроверени платформи - порачуваат од полицијата.

Извор: Zimo.dnevnik.hr
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот