X
 24.06.2017 Наука

На кој начин климатските промени влијаат врз вашето кафе?

Луѓето во главно се свесни дека климатските промени се реални, но не и дека тие влијаат директно врз нив. Обично се мисли на проблеми како потобли зими и пожешки лета, но не и на проблеми како на пример, промена на вкусот на кафето.

кафе
Фото: pixabay

Според најнови извештаи повеќе од половина од кафето во Етиопија расте во области кои нема да бидат погодни за земјоделство во блиска иднина, а истата судбина ги чека и производителите во Бразил, Индонезија и Колумбија до 2050та.

Кафето расте во области со жешка клима, па што ако стане уште пожешко? Она што е важно е дека токму тие специфични локации имаат влијание на вкусот на кафето, па кога се менува областа се менува и вкусот. Затоа кога еден ист вид кафе расте во две држави има различен вкус.

Едно можно решение за овој проблем е да се „пренесе“ производството на кафето во простори каде што ќе биде постудено, но секако и ова би значело дека ќе се промени вкусот. Ова покрај другото, ќе значи и поинаков квалитет на почвата, а и милиони фармери кои сега одгледуваат кафе би требало да се пресела и адаптираат на нови услови и целосно да си го променат животот.

Ако луѓето повеќе се прилагодат на генетското инженерство, би можело да се проба кафето да се направи поотпорно на жештина и суша, но за сега јавноста не го прифаќа ова. Ако не се преземат соодветни мерки, веројатно е дека ќе се соочиме со недостаток од кафе.

Кога Бразил се соочи со суша во 2014, цената на кафето се дуплира, а тоа сега се случува и со Етиопија.

Можеби нема да пречи мал раст на температурите од година во година, но по неколку децении со сигурност ќе спомнете дека вкусот на кафето се променил низ годините.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука