Неодамна на аукцијата наречена „Гангстери, одметници и чувари на законот за повеќе од 100.000 долари е продаден џебен часовник на прочуениот мафијаш Ал Капоне, како и музичка композиција која ја напишал во триесетите години во затворот Алкатраз.
Фото: Old Picz
Купецот е анонимен, но се знае само дека е колекционер на предмети од американската историја.
Композицијата на Ал Капоне „Хумореска“ ја прикажува неговата тешка помека страна низ љубовни стихови.
„Таа музика ни дава увид во тоа кој бил тој човек. Го прикажува како човечко суштество и покажува дека бил креативен и дека имал фантазија. Тие луѓе имале таленти и за жал ги користеле за криминални работи,“ изјавил потпретседателот на аукциската куќа, Боби Ливингстон.
На аукцијата е продадено и писмо и налог за апсење на криминалниот пар Бони и Клајд. Писмото насловено „Збогум“ кое е напишано од Бони Паркер, а потпишано од Клајд Бероу непосредно пред да настрадаат продадено е за 16.250 долари, а тексашките налози за апсење достигнале цена од 8.125 долари.
За 25.000 долари се продал и прстен со троглава змија на Бони Паркер, а веројатно е и дека на аукцијата присуствувале роднини на парот.
Еден од
предметите кои останал непродаден е писмо напишано во 1998 од Џон Готи, шеф на њујоршкиот клан Гамбино.