X
 06.08.2017 Култура

Ќе се изненадите од тоа колку работи не знаете за Леонардо да Винчи

да винчи

Она што го знаеме за Леонардо да Винчи е дека ја насликал Мона Лиза, ги пишувал белешките наназад, дизајнирал одлични мостови и летечки машини. Бил вистински гениј!

Но ако не сте ренесансен научник, сигурно ќе се зачудите и изненадите од тоа колку работи не знаете за Леонардо да Винчи. Компилацијата од неговите бележници наречени „Кодекс Арундел“ сега е дигитализирана од страна на британската библиотека и ѝ е на располагање на јавноста.

Бележникот претставува евиденција за еден универзален ум. Иако и самиот бил технофил, кога станувало збор за објавување, Леонардо не се ни потрудил да ги објави своите белешки.

2

Стотици години огромната таинствена колекција на ракописи останала невидена од луѓето. По смртта на Леонардо во Франција, неговиот студент Франческо Мелзи однел голем дел од неговите ракописи и цртежи назад во Италија. Наследниците на Мелзи, кои немале поим за важноста на ракописите, постепено се ослободувале од нив. Сепак, сè уште постојат над 5.000 страници полни со белешки напишани од десно кон лево, типичниот начин на кој пишувал Леонардо. Во бележниците Леонардо цртал визии за авионот, хеликоптерот, падобранот, подморницата и автомобилот. Тој бил повеќе од 300 години пред своето време.

3

Дигитализираните бележници дебитираа во 2007 година како заеднички проект на британската библиотека и „Мајкрософт“ наречен „Turning the Pages 2.0“, што на гледачите им овозможува интерактивна функција, односно „вртење“ на страниците од бележниците со анимација. На екранот се објаснети содржината на криптичните белешки за техничките цртежи, дијаграми и шеми. ТУКА можете да листате низ 570. дигитализирани страници.

4
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура