X
 12.08.2017 Живот

Секоја вечер пред спиење поставете му ги овие прашања на вашето дете

Повеќето родители секоја вечер на своите деца пред спиење им читаат бајки. И тоа е многу корисно. Постојат и други работи што се важни за правилен развој и растење, како што е здравата комуникација која им овозможува на родителите да воспостават што подобар и поквалитетен однос со своите деца. Затоа ви препорачуваме секоја вечер пред спиење на децата да им ги поставите овие три прашања:

За што се насмевна денес?
Што те расплака?
Што научи денес?


Со помош на овие три прашања вашите деца ќе се отворат и ќе почнат да разговараат за важни работи. Заедно ќе се смеете, ќе плачете и ќе се потсетувате на моментите кои го обележаа денот, но подоцна и неделата и годината. Децата ќе бидат горди на сето она што го научиле во текот на денот, а вие ќе бидете задоволни затоа што сте се вклучиле во нивниот развој и растење. И покрај тоа што се чини едноставно, ова е многу комплексна работа која отвора многу нови теми на кои ќе можете да разговарате со нив.

Првенствено вие ќе успеете заедно со децата да научите како правилно да комуницирате меѓусебно. Децата активно ќе учествуваат во овој процес, ќе се чувствуваат добро и сигурно, поттикнати отворено да зборуваат за своите проблеми. Тоа директно ќе влијае врз нивното опуштање подоцна во текот на животот кога ќе се јават потешки теми. Со ова се поттикнува и нивната креативност и тие ќе научат една важна животна лекција, која гласи: „Никој не е совршен, а грешките се составен дел од животот“. Откако ќе разговараат со вас, децата ќе се чувствуваат ослободени од притисоци и емоции, без оглед дали се работи за позитивни или негативни, а тоа ќе влијае многу позитивно врз нив.

Исто така, на овој начин тие го вежбаат своето изразување, ги вербализираат своите емоции и активно учествуваат во разговор. Оваа „игра“ не мора да биде еднонасочна, туку по нивните одговори и вие може да споделите со нив што вас ве насмеало тој ден, што ве расплакало и што сте научиле. Секоја вечер можете да водите белешки за да ги споредувате своите постигнувања од пред некој ден, седмица или месец. Тоа нека стане ваша семејна игра, која ќе ја играте секоја вечер, а која долгорочно ќе влијае врз развојот на меѓусебните односи во вашето семејство.

Едноставно е, зарем не? Само три прашања. Што ве направило среќни, тажни или што ве налутило тој ден?  Што научивте? Веруваме дека одговорите ќе бидат креативни и забавни. Секој од нив, на свој начин.

Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот