X
 09.08.2017 Наука

Чудното однесување на животните при затемнување на Сонцето

Постојат различни приказни дека животните се однесуваат чудно во моментите што водат до соларна еклипса и моментите по неа. Но, и најдобрите експерименти бараат научниците да контролираат одредени варијабли и да ги повторуваат тестовите многу пати за да ја потврдат валидноста.

фото извор: AP/Kirsty Wigglesworth

Дури и да се реализираат навистина добри анализи и набљудувања на животните, наредната комплетна соларна еклипса ќе се случи во јули 2019, па веродостојноста на тестовите би се ставила под знак прашалник.

Сега преку одредени апликации корисниците може да снимаат набљудувања за време на астрономски настани. Односно, ако некој забележи невообичаено однесување на животно во своја близина, да направи неколку фотографии или видео. Експертите веруваат дека на овој начин полесно ќе се соберат податоци во врска со овој феномен и се надеваат дека ќе можат да дадат некакво објаснување. Набљудувањето може да се изврши и во зоолошка градина.

Една работа околу која се согласуваат сите експерти е дека сите што ќе сакаат да набљудуваат треба да носат соодветна заштита за очите при соларната еклипса што ќе се случи на 21 овој месец.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука