X
 09.08.2017 Живот

Жешкото време продолжува... Пад на температурите се очекува за време на викендот што следува

Денес е среда, 9 август 2017 година, 221-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 05:30, а ќе зајде во 19:46 часот. Денот ќе трае 14 часа и 16 минути.

Уште една многу топла ноќ е позади нас, всушност тоа и вчера го најавивме, па така вчера во 20 часот температурите низ Македонија се движеа во интервалот од 23 до 34 степени. Ведро и многу топло време имаме и ова утро, со температури кои што насекаде се над просекот за овој период од годината.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес по ведрото и многу топло утро, со утрински температури кои што ќе се движат во интервал од 15 до 25 степени, во текот на денот ќе биде претежно сончево со појава на локална облачност и многу топло време. Во попладневните часови во источните и западните предели со услови за развој на нестабилност која што може да донесе и локални врнежи од дожд и грмотевици. Ќе дува доумерен слаб североисточен ветер, а во источната половина ќе дува и слаб југоисточен ветер. Максималните температури денес ќе достигнат до 30 односно до 41 степени. УВ индексот ќе има вредност 9.

СКОПЈЕ - Во Скопје денес претежно сончево со појава на локална облачност во попладневните часови и многу топло. Слаб североисточен ветер. Утринската температура од 22 степени, додека пак максималната дневна ќе достигне до 39 степени. УВ индекс 9.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во Македонија во четврток и петок тропски денови, ќе биде сончево и многу топло со благ пад на утринските температури кои што ќе се движат од 13 до 23 односно од 12 до 22 степени, додека пак максималните дневни високо над повеќегодишниот просек од 30 до 41 односно од 31 до 42 степени. Во сабота во утринските и претпладневните часови ќе биде претежно сончево со локална облачност, попладне зголемување на облачноста која што во вечерните часови во северните, североисточните и источните предели може да услови и поројни врнежи од дожд. Максималните температури од 27 до 38 степени. Во недела претпладне претежно сончево со локална облачност, попладне зголемување на облачноста и посвежо време со пад на дневните температури кои што ќе се движат во интервал од 18 до 29 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот