X
 03.06.2016 Живот

Викенд временска прогноза

Денес е петок, 3 јуни 2016 година, 155-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 04:55, а ќе зајде во 20:07 часот.Денот ќе трае 15 часа и 12 минути.



Ова утро над Македонија е претежно сончево и топло. Само понекаде во централните предели како и во Охридскиот регион има појава на локална облачност. Во наредните часови оваа облачност и тука ќе се намалува.

МАКЕДОНИЈА - Во Македонија денес во утринските и претпладневните часови ќе биде претежно сончево со локална облачност, топло и ветровито. Попладне развој на нестабилност која во делови од северозападните, северните и североисточните предели ќе услови врнежи од дожд. Ќе дува доумерен слаб северозападен ветер, а во западните предели доумерен југозападен и западен ветер. Утринските температури од 6 до 15 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 18 односно до 31 степен. УВ индексот ќе има вредност 8.

СКОПЈЕ - Во Скопје во петок претпладне претежно сончево со локална облачност, попладне со услови за слаби локални врнежи од дожд. Ќе дува доумерен слаб северозападен ветер. Утринската температура од 6 до 15 степени, а максималната дневна температура ќе достигне до 18 односно до 31 степени. УВ индекс 8.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во Македонија и во наредните денови ќе продолжи нестабилното време. Во сабота претежно сончево со локална облачно, попладне во западните, северозападните, североисточните и источните предели нестабилно со врнежи од дожд. Температурите од 19 до 31 степен. Во недела претежно сончево со локална облачност, попладне само во североисточните, источните и југоисточните предели нестабилно со температури од 21 до 33 степени. Претпладне сончево, попладне нестабилно со дожд ќе биде и во понеделник и вторник кога се очекува и опаѓање на максималните температури. Во понеделник од 18 до 30 степени, додека пак во вторник тие ќе се движат во интервал од 20 до 32 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот