X
 20.08.2017 Наука

Дешифрирајте симболи и заработете 15,000 долари

1
Фото: Natural Museum of Chinese Writing

Во последниве неколку години, истражувањата за таканаречените коски на „пророштва“, што се користеле за време на кинеската династија Шанг, полека стивнуваат. Главната причина е што истражувачите не можат да ги дешифрираат ликовите нацртани на коската на лопатката на бикот и оклопот на желката. Сега, Нацнионалниот музеј за кинеско пишување во Анан, провинција Хенан, се надева дека повторно ќе ги „оживее“ истражувањата за коските нудејќи голема награда за оние што ќе можат да ги преведат симболите.

Музејот нуди 15,000 долари за секој карактер што истражувачите ќе можат да го преведат (со доволни докази). Тие нудат награда за секој со дефинитивно објаснување за некои од многуте спорни ликови. Од 5,000 симболи што се наоѓаат на коските, научниците успеале да преведат само 2,000, што значи дека има уште многу за откривање.

Музејот се надева дека наградата ќе ги привлече научниците и тие ќе откријат податоци и ќе создадат нови апликации наменети за проучување на коските. Многу од ликовите на коските претставуваат имиња на луѓе и места, меѓутоа референците се изгубени во историјата.

Веќе еден век научниците се заинтригирани со овие коски, познати и како коски на змејот. Кинескиот научник  Ван Јиронг кој живеел во 19 век, прв препознал дека симболите на коските всушност биле форма на пишување. Како што раскажува приказната, Јиронг бил заразен со маларија во 1899 година. Неговиот доктор му препишал „коска од змеј“, традиционален лек за болеста. Кога Јиронг ја зел, открил дека на коската се наоѓа чудно античко писмо - писмото го заинтригирало, па започнал да ги истражува древните артефакти. Починал пред да открие за што станува збор.

Во 1908 година филозофот Луо Зенју ја продолжил работата, така што го открил изворот на коските - имало илјадници надвор од градот Анјанг. Наскоро, истражувачите започнале да собираат и преведуваат коски.

Според Универзитетската библиотека во Кембриџ, коските го содржат најстарото познато кинеско писмо. Писмото им помогнало на истражувачите да ги потврдат имињата на царевите од династијата Шанг. За да ги интерпретираат коските, тие биле загревани додека не формирале пукнатина на површината. Потоа, од пукнатините „се читале“ одговорите поврзани со прашања за иднината. Одговорите на овие натписи се испишувале на самите коски.

Дешифрирањето само на еден симбол може да отклучи огромна количина на нови информации од коските.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука