X
 06.10.2017 Живот

Александар Грахам Бел го предвидел денешниот живот

Во 1917 година човекот што го измислил телефонот одржал говор во кој го предвидел денешниот модерен свет, од комерцијалниот авиосообраќај до набавката на нафта.


Александар Грахам Бел мразел неколку работ повеќе од летото во Вашингтон. Се повлекувал на неговиот имот во Нова Скотија, но поради обврските, морал една година да помине во главниот град. Се прашувал зошто луѓето смислиле како да се загреат, но не и да се изладат – досега. Во близина, претседателот Вудро Вилсон инсталирал ледено растение кое ја намалува температурата во Белата куќа. Додека Бел прочитал за тоа во весник, веќе успеал да го надмине претседателот. Смислил уред кој испуштал ладен воздух и ја намалувал температурата во неговата соба. Оваа приказна Бел ја споделил на јавен говор во 1917 година пред студенти и бил награден со громогласен аплауз. Толку многу биле воодушевени, што овој случај бил објавен во локалните весници. Бел се прашувал дали ова може да се примени и во јавниот транспорт, но трошоците биле премногу високи. Сепак, сметал дека механизмот може да се примени во авионскиот сообраќај.

Во говорот Бел се осврнал на периодот на напредок и зборувал за развојот во минатиот век, односно замената на коњите со автомобилите како превозно средство, електричните светилки. Исто така, предвидел комерцијализирање на авиосообраќајот, воведување соларни панели, како и потребата од обновливи извори на енергија. Сега, сто години подоцна, предвидувањата на Бел се остварени.
Бел израснал во период кога училиштата создавале експерти во одредена област, повеќе од научници. Но, тој истакнувал дека во периодот во кој живеел се појавиле низа извонредни откритија, од користење на телеграфот до фотографијата. Бел предвидел дека телефонските повици и сите механички операции ќе можат да се изведуваат без жици. Исто така, предвидел дека некогаш уредите ќе ги заменат своите создавачи.

Во неговиот дом во Нова Скотија повеќе од 30 мажи работеле на остварување на неговите идеи. Уште додека работел на создавање на телефонот, размислувал и за дизајнирање на летечка машина. Експериментирал со децении, а по една година откако браќата Врајт го патентирале својот авион, леталото на Бел се вивнало во небото заедно со патник.

Бел изразил загриженост уште во тоа време за зачувувањето на природата, односно нејзината злоупотреба од страна на човекот, што сега веќе е во голема мера. Го предвидел и периодот кога на светот ќе му недостигаат резерви на нафта.

Со сигурност може да се каже дека Бел бил навистина напреден со оглед на времето во кое живеел. За емисијата на штетни гасови, сметал дека решение е користењето  алкохол како алтернативно гориво и цртал уреди кои би се поставиле на покривот од куќите за да ја собираат соларната енергија.

фото извор: nationalgeographic.com

Бел починал на 75 години, по неколку месеци откако го добил последниот патент. За време на неговиот погреб 14.346.701 телефон во Америка биле исклучени една минута, како израз на почит кон големиот иноватор.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот