X
 08.10.2017 Живот

Отворени за посета највисоките нивоа во Колосеумот во Рим

Посетителите на Колосеумот сега ќе можат да уживаат уште повеќе во античкиот амфитеатар и спектакуларните погледи кои ги нуди на Рим. Во посетата ќе биде вклучен и поврзувачки ходник кој никогаш порано не бил отворен за туристи. Посетителите ќе треба да закажат тура со водич, а ќе се креираат групи од 25 луѓе кои ќе имаат можност да ги посетат највисоките точки.


Италијанските власти веќе официјално го отворија 40 метри долгата панорамска тераса. Четвртото и петтото ниво на Колесумот се високи 48.5 метри и се предмет на реставрација уште од 2010 година. Градежните работи чинеле околу 1.5 милиони евра.

За време на античките времиња во Рим, горните тераси на Колосеумот биле полни со евтини седишта, бидејќи биле најдалеку од гладијаторите и спектаклот кој тие го приредувале. Но, од седиштата има прекрасен поглед, не само на гладијаторските битки, туку и на срцето од империјата.

Комплетиран во 80 година п.н.е., Колосеумот е најголемиот амфитеатар изграден во Римската империја. Околу 6.4 милиони луѓе го посетиле минатата година, што го прави една од најпосетените атракции во светот.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот