X
 23.10.2017 Наука

НАСА сака да го испрати вашето име на Марс

mars

Најпопуларната дестинација длабоко во вселената во овој момент несомнено е Марс. Ги броиме деновите кога луѓето ќе можат да ја посетат оваа планета. Затоа, љубители на Марс, НАСА нуди уште една опција за да ве привлече на оваа планета. Но не станува збор за астронаути.

Во 2014 година, НАСА ја претстави својата програма наречена „Frequent Flyer“. Но не е како што звучи - вселенската агенција не дава бесплатни патувања со ракета. За започнување на програмата, НАСА објави повик до јавноста да ги достави своите имиња. Комплетираната листа со имиња беше префрлена на мал микрочип што се најде на вселенското летало Орион. Околу 1,3 милиони имиња се возеа со Орион, возило што на крајот ги однесе во длабоката вселена.

Оние кои ја внесоа нивната е-пошта автоматски се пријавија за „frequent flyer“ километри, што значи дека НАСА ќе им испрати меил кога ќе се укаже уште една можност да се стави нивното име во вселената. По поднесувањето на вашето име и меил адреса, ќе добиете лажен билет што ќе можете да го споделите на социјалните медиуми.

Ако сте ја пропуштиле шансата да се приклучите на првиот тест на Орион, постои уште една шанса за вашето име да се појави во вселената. НАСА планира да го испрати леталото ИнСајт на Марс во 2018 година, со два микрочипа полни со имињата на патниците. Доколку сакате да се пријавите, НАСА дава можност да го направите тоа до 1 ноември 2017 година за лансирањето во 2018 година. Кликнете ТУКА за да го вклучите вашето име на оваа мисија.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука