X
 04.12.2017 Живот

Парична помош за жените жртви на насилство

Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство го отвори првиот фонд за парична помош на жени жртви на насилство кои сакаат да ја напуштат насилната средина, наречен Интервентен женски фонд, јави МИА.
Отворањето и промоцијата на фондот е во рамки на глобалната кампања „16 дена активизам против насилство врз жените“.


Иницијалната помош ќе биде за обезбедување медицинска документација, извештаи од специјалисти, за ангажирање адвокат до моментот на добивање бесплатна правна помош, како и други итни мерки за поддршка на жената да излезе од насилната врска.
Од Националната мрежа информираат дека изготвиле критериуми за тоа кој би можел да добие средства од фондот, како и за процесот на доделување на средствата. Еден од основните критериуми е жената да биде подготвена да ја напушти насилната средина.
За полнење на фондот, покрај повикот до локалната самоуправа и до приватните фирми, Националната мрежа ги повикува и сите физички лица кои сакаат да помогнат на жените жртви на насилство, да донираат на телефоните: ОнеВИП – 143 477, Т-мобиле – 070 143 300 и на жиро-сметката 200003247799194, Стопанска Банка АД-Скопје.
Подготвил: С.Ѓ

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот