X
 17.10.2016 Живот

Не се фалете и не озборувајте - луѓето кои зборуваат малку, но промислено, постигнуваат повеќе!

Дали знаете дека кога критизирате, ја преземате врз себе лошата карма на оној кому тоа му го правите? Кој би сакал на својот грб, освен сопствениот, да го носи и товарот на туѓата карма?

Важно е да се запомни: ако некого неосновано го критикуваме, ги преземаме негативната карма и лошите карактерни особини од тој човек.

Така дејствува законот на кармата. Мораме да научиме никого да не напаѓаме без основа.

Кога некој нас нè куди, ни ја предава својата позитивна карма и ја презема лошата од нас.
Затоа и во Ведите се сметало дека е добро кога некој нас нè критизира.

Како „дејствува“ искажаниот збор со нашата карма?

Во „Махабхарата“ се вели: ако сте наумиле да направите нешто што сакате, никому не кажувајте за тоа.
Штом ја изговорите намерата, 80%  се намалува веројатноста дека тоа ќе се случи, особено ако сте споделиле пред завидлив и алчен човек.

Зошто луѓето кои зборуваат малку и промислено постигнуваат повеќе?
Затоа што тие не губат енергија!

Второ едноставно правило поврзано со изговорениот збор: ако некому сме направиле нешто добро и сме се пофалиле пред други луѓе, во истиот момент ја губиме позитивната карма и сите плодови што сме ги „заработиле“ од благодатот на постапката.

Фалбаџиите малку постигнуваат!
Затоа, кога следниот пат некого критизирате, сетете се на овие вредни цитати од Ведите што зборуваат за природата на критизерството и неговото влијание врз нашата карма.

„Неукиот настојува да му наштети на мудриот со својата злоба, но правејќи го тоа, го презема товарот на гревот на мудриот, што тој го отфрлил простувајќи му на неукиот.“

„На лицето кое критизира не треба да му се врати на ист начин во знак на одмазда, затоа што болката што ќе ја почувствува со примањето на нападите, самата ќе го „изеде“ и ќе ги поништи резултатите од неговите добри дела.“

„Во текот на својот живот, брахманот треба материјалниот престиж да го смета за отров, а срамот за  нектар. Ако некој се научи да го толерира срамот, неговата вознемиреност ќе се повлече, и тој ќе заспие среќен, ќе се разбуди среќен и ќе се движи среќен. Лицето, пак, што упатува  навреди заради својот грев, ќе се чувствува бедно, а неговата среќа ќе исчезне во овој и во наредниот живот.“

„Оној што некого фали додека е присутен, а зад неговиот грб зборува лошо, не е подобар од пес. Неговите прилики да се воздигне на вишите планети, целосно исчезнале во овој живот.“

„Оној кој останува толерантен и не се лути, со сигурност ја презема врз себе добрата карма на критизерот, а неговите гревови се префрлаат на лутиот.“

„Оној кој се впушта во славење или критизирање на нечии материјални одлики или однесувања, многу брзо ќе застрани од патот што е во негов најдобар интерес, и ќе се вплетка  во илузорните дуалности на овој свет.“
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот