X
 17.12.2018 Живот

Околу 15.000 литри млеко замрзнаа на улица во германски град

Илјадници литри млеко замрзнаа на улица во германската провинција Северна Рајна-Вестфалија, објави ДПА.

Непознати сторители истуриле млеко од паркиран камионски танкер, соопшти полицијата.

Возачот го паркирал камионот-цистерна во градот Рутен, во областа Зост, за да собере уште млеко од соседните фарми. Кога се вратил, околу 15.000 литри млеко биле истурени на патот и замрзнале на температура од околу минус четири степени.

Млекото формира лизгава површина по целата ширина на коловозот, соопшти противпожарната бригада.

20 лица го исчистија млекото од патот со помош на сол и вода.


Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот