X
 04.01.2018 Живот

„Не обидувајте се да ги промените другите, инспирирајте ги со своите дела!“


Среќна девојка
(Фото: Pixabay)


•    Бидете љубезни. Никогаш не можете да знаете како се чувствува другиот. Не обременувајте го дополнително.

•    Потрудете се да разубавите нечиј ден. И двајцата ќе имате корист од тоа.

•    Покажувајте сочувство кон секого, без оглед на неговите дела. Повредените луѓе ги повредуваат и другите.

•    И, простете им. Простувањето не значи дека се согласувате со она што ви го направиле, туку дека се ослободувате од негативните емоции што можат да ве ограничат и да ви наштетат.

•    Начинот на кој се однесувате кон другите и каков впечаток создавате се наследство што го оставате зад себе.

•    Лошите работи им се случуваат на добрите луѓе. Пронајдете ги лекциите што се закопани длабоко во страдањата. Тие се таму.

•    Плачете почесто. Чувството е неверојатно.

•    Уживајте во процесите. Често се фокусираме на крајниот резултат, па ги пропуштаме малите чуда што се случуваат на патот кон нивното остварување.

•    Негувајте ги своите релации. На крајот од животот никој не вели: „Жалам што не работев повеќе“. Голем број луѓе велат: „Жалам што не им кажував почесто дека ги сакам“.

•    Не одбивајте ја шансата само затоа што се плашите. Користете го стравот како компас. Тој нека ве води во правец кој најдобро ќе ви помогне да ја подобрите вашата личност.

•    Однесувајте се кон другите како што би сакале да се однесуваат кон вас. Никогаш не правете им го она што не би сакале да ви го направат.

•    Бидете си пријател самиот на себе. Однесувајте се кон себе како што би се однесувале кон некој што го сакате. Премногу време самите на себе сме си непријатели.

•    Смејте се повеќе.

•    Бидете благодарни. Не само за големите и убавите работи во вашиот живот. Бидете благодарни за сè.

•    Живејте во сегашноста. Минатото е завршено. Иднината сè уште ја нема. Планирајте ја иднината, но не трошете ја целата ментална енергија и време на тоа затоа што ќе го пропуштите она што сега ви се случува.

•    Вашето здравје е темелот на кој се гради целиот ваш живот. Кога темелот е слаб, сè што е изградено врз него може да се сруши. Почнете да градите цврст темел уште денес.

•    Промената е добра. Таа ги „проширува“ вашите граници. Како што растат тие, така растете и вие.

•    Забавете. Животот носи поголемо задоволство кога се движите со лежерно темпо.

•    Не обидувајте се да ги промените луѓето. Инспирирајте ги со своите дела.

•    Учиме од грешките. Само внимавајте да не ги повторувате постојано истите.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот