X
 06.02.2015 Живот

30 минути неделно читање може да го подобри вашиот живот

Истражувањето направено од Центарот за истражување за читање, литература и општество од Универзитетот во Ливерпул, ги открива клучните придобивки од читањето и благосостојбата која читањето ја има врз луѓето.

Придобивките од читањето покажуваат дека оние луѓе кои читаат само 30 минути во неделата, имаат 20% поголеми шанси да бидат задоволни во нивниот живот.

Една од најголемите придобивки на читателот се тоа што со само 30 минути читање во текот на неделата, читателите изјавиле дека имаат подобро разбирање за чувствата на другите луѓе.

Други придобивки се:

- 43% од читателите изјавиле дека читањето им помогнало да спијат подобро;
- 19% од читателите изјавиле дека со читањето престанале да се чувствуваат осамени;
- Кај редовните читатели била забележана 57% повисока културна свест, а кај 21% поголемо општо знаење;
- Читателите имале за 48% повисоко ниво на креативност за разлика од оние кои не читаат;
- Пронајдено е дека читателите за 27% повеќе создаваат повеќе време за нивните пријатели.

„Додека кумулативните општествени придобивки од читањето се широко познати, важно е да се покажат и придобивките во нашето здравје и благосостојба“, вели Д-р Хози Билингтон од Центарот за истражување.

Со читањето човек ја подобрува неговата самодоверба, гради подобри социјални врски, ги проширува неговите хоризонти и е подобра личност. 
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот