X
 05.01.2018 Живот

За Discovery и EuroSport била побарана многу висока сума на пари за продолжување на договорот

Македонските оператори повеќе не ги емитуваат каналите на Discovery и EuroSport, но според добро упатени извори кои ги консултираше Фактор, не станува збор за едностран прекин на емитувањето туку главната причина е што договорите со провајдерот на каналите истекол на 31 декември 2017.



Според информациите кој ги добил Фактор,  за каналите Discovery, Investigation Discovery, TLC, Animal Planet, EuroSport1 и EuroSport2 од операторите била побарана многу висока сума на пари за продолжување на договорот. Доколку операторите кои обезбедуваат услуги за дигитална телевизија за овие канали, ги прифатиле наметнатите услови, тогаш би биле принудени да воведат дополнителна претплата како за премиум каналите или пак целосно да ги покачат цените на корисничките пакети.

Таквата одлука е донесена и во интерес на самите корисници бидејќи на крајот тие би имале поголема штета со повисока претплата. Треба да се истакне дека простор за договор меѓу телекомуникациските оператори и провајдерот на ТВ каналите постои доколку се постигне разумна сума како што тоа го укажува досегашната пракса и претходно утврдените цени кои биле неколку пати пониски.

Ваков спор не е уникатен случај за македонскиот пазар бидејќи со слична ситуација се соочил и грчкиот оператор ОТЕ, како и познати оператори низ Балканот, Источна Европа, Бенелукс и Скандинавија, и во сите случаи операторите донеле одлука или да не ги продолжуваат договорите или да ги исклучат каналите на Discovery.

Тие биле принудени да ги земат сите понудени канали на Discovery во пакет, па така и цената за отплата била неколкукратно зголемена, што не било економски исплатливо.

Во меѓувреме операторите пуштија нови канали кои треба да послужат како замена за Discovery, Investigation Discovery, TLC, Animal Planet, EuroSport1 и EuroSport2. Од нив се издвојува BBC Earth каналот кој нуди многу квалитетна документарна програма со висок квалитет на продукција.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот