X
 08.08.2017 Култура

Најдобрите јутјуб-канали – понекогаш и подобри од Холивуд!


Нејмар, Рики Џервејс и инсерт од цртан филм
(Фото: Youtube)

Интернетот ја има таа моќ – кога нешто претерано гледаш и следиш, може да се случи истото да го замразиш. Така на овој список нема да има TED разговори, без оглед колку некои од нив се фантастични, но нивната формулативност веќе ни смета. Ќе ги прескокнеме и Casey Neistrata, влогери и видеомајстори кои секојдневно исфрлаат нови содржини. Овде ќе ви понудиме јутјуб-содржини кои навистина го заслужуваат целото внимание на светот. Ќе ве насмеат, образоваат и забават. Фантазија.

Hot Ones

Шин Еванс во овој момент, според нас, е најдрагиот интернет-творец затоа што изработува интервјуа со ѕвезди, се подготвува одлично, а и не е иритантен како Нардвуар. Најдобро од сè – во интервјуата внесува и цела селекција на лути сосови, кои гостите ги јадат со пилешко месо. На почеток започнуваат со благи сосови, но подоцна... гостите се отвораат затоа што се во сосема поинакво опкружување отколку што навикнале, а однатре „горат“ од лутина, па се случуваат секакви ситуации. Што е најдобро од сè? Кога некој ќе го потцени сосот кој е наречен Смртнештонешто2000xl, па ќе претера, па ќе „умира“ од болки. Досега ги гледавме Брајан Кранстон, Стив-О-а, Сет Роген, Нил Деграс, Тајсон... Ова можете  да го следите со саати.




Sneaker Shopping


Ако сте љубител на патики, ова е емисија за вас. Џо ла Пума ги пречекува гостите (и суперѕвезди), ги носи во некоја од најдобрите продавници за патики на светот, таму зборуваат за патиките и за целокупната култура, а на крај доаѓа време за шопинг. Секогаш е интересно што ќе одберат ѕвездите и колку пари ќе потрошат, а во емисијата досега учествувале многумина – од НБА-ѕвезди преку комичари и пејачи, па до Нејмар, кој потрошил најмногу пари во продавницата. Само една епизода? Тешко. Често откако ќе ја проследиме најновата епизода, веднаш потоа погледнуваме и неколку постари. Толку е добро. Но мора да сте љубител на патики, немојте после да кажете дека не сме ве предупредиле.




Binging With Babish


Бабиш нè прогонува на „Редит“, видеозаписите постојано му се на врвот по објавувањето, а целата премиса на веб-епизодите е дека Ендру Ри ќе ве научи како да подготвувате јадења од вашите омилени филмови и серии како на пример – штрудла од Inglorious Basterds.




Kurzgesagt


Милина. Памет излегува од сите страни. Прекрасно анимирано. Еден од најдобрите јутјуб-канали.




Adam Savage`s Tested


Ако ги сакавте Mythbusters, ќе се вљубите и во овој проект на Саваџ. Тестира сè што е можно, а ако сакате прегледност, можете видеоматеријалите да ги гледате и на страницата Tested.com. Бездруго целиот материјал од „Јутјуб“ е таму, само што нам повеќе ни се допаѓа овде, а и дизајнот нè потсетува дека се работи за „манга“, дека не е некаков средовечен лик кој се зафатил со „Јутјуб“ откако добил камера за роденден.




Nerdwritwer1


Фантастичен! Видеоесеи од секоја недела – од стрипови, музика, филм, наука, општествени феномени... Понекогаш се заплеткува во сопствените теории, но главно сè погодува. Би го предложиле и KaptainKristian, но тој сè уште е на почетокот на својот пат. Затоа и го предлагаме и го препорачуваме без да трепнеме.




The Great War


Најдобрата документарна серија поврзана со која било војна е The World at War, првенчето на Би-би-си од седумдесеттите години од минатиот век која се занимавала со Втората светска војна, но The Great War е канал и емисија која дефинитивно би ја поставиле на високото второ место. Епизодите не се предолги, јазикот не е прекомплициран, а ако и малку ве интересира овој историски период – ви го препорачуваме!

Ликот ја зел Првата светска војна и секоја недела се враќа точно сто години наназад за да раскажува за тој период во војната, а авторот му помогнал на Electronic Arts при изработката на Battlefield 1.


Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура