X
 01.02.2018 Живот

Прашумата на „Амазон“ за опуштање на вработените

Amazon
Фото: Screenshot/Youtube

Интернет-продавницата „Амазон“ за своите вработени и за јавноста го отвори „Амазон сферс“, посебен дел од седиштето на компанијата во Сиетл што повеќе личи на прашума отколку на класичен канцелариски простор.

Имено, во овој дел, кој се состои од три стаклени куполи, се засадени 40.000 растенија од 400 вида. Овој несекојдневен амбиентален подвиг лично го отвори основачот на „Амазон“, Џеф Безос.

Во „Амазон“ се надеваат дека вработените во „Сферс“ ќе доаѓаат до нови идеи за унапредување на работата. Овој стакленик и растенијата во него ќе можат да ги разгледаат и другите посетители.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот