X
 11.02.2018 Живот

Креативно решение на Исланд за намалување на брзината на автомобилите

1
Фото: Vegamálun GÍH

Во малиот рибарски град Исафјердир во Исланд се појави навистина возбудливо решение за безбедноста на патиштата. Новиот пешачки премин нацртан во 3Д дава интересна и детална оптичка илузија.

1

3

Не само што овој иновативен дизајн на патниците им дава чувство како да одат по воздух, туку го привлекува вниманието на возачите, кои сигурно ќе ја намалат брзината откако ќе го забележат навидум лебдечкиот пешачки премин.

3

4

Исландскиот комесар за животна средина Ралф Трила го спровел проектот откако видел сличен во Њу Делхи, Индија. Така, со помош на компанијата за улична уметност, неговата визија станала реалност.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот