X
 23.04.2023 Живот

Плажа на која не можете да се капете е прогласена за најубава во Европа

Веб-страницата „Трип адвјазор“ состави листа со најубави плажи во Европа. На првото место се наоѓа плажа на Исланд која се карактеризира со смрзната вода и бранови високи до 40 метри.

Изборот бил направен врз основа на десетина милиони рецензии од корисниците во последните 12 месеци. Поголемиот дел од плажите на листата се сместени на далечни локации.

За најубава плажа на светот е прогласена Баја де Санчо во Бразил, која е позната по тиркизната вода и белиот песок.



Најубавата плажа во Европа е драматичната плажа Рејнисфјара во Вик, Исланд. Таа е позната по својот црн песок и импозантни карпи над брегот. На оваа локација биле снимени сцени од серијата „Игра на троновите“. На оваа плажа не може да се капете бидејќи водата е студена и често пати смрзната, а брановите достигнуваат висина до 40 метри.





Извор: Klix
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот