X
 07.03.2018 Живот

Бутан – земјата каде што националната среќа е поважна од БДП


Деца од Бутан
(Фото: Pixabay)


Бутан, земјата каде што порастот на „националната среќа“ е поважен од порастот на бруто-домашниот производ (БДП), оваа година се најде на списокот со дестинации што треба да се посетат, објавен од страна на „Њујорк тајмс“ и списанието „Афар“.

Земјата, која се наоѓа на Хималаите и никогаш не била освоена, ниту колонизирана, успеала да ја одржи својата култура во периодот на трансформација од апсолутна монархија во демократија.

Кралот на Бутан во 1970 година кажал дека порастот на „националната среќа“ е поважен од порастот на БДП. Земјата создала единствен пристап кон туризмот, промовирајќи се како „ексклузивна“ дестинација која нуди скапи услуги за мал број туристи.

Туристите можат да ја посетат таа земја само преку лиценцирани агенции, а туристичките ангажмани чинат помеѓу 200 и 250 долари на ден, во зависност од услугата. Дел од средствата собрани од туризмот владата на Бутан ги користи за вложувања во здравствената заштита, бесплатното образование и изградба на инфраструктура. 
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот