X
 14.03.2018 Наука

Колку всушност е опасна соларната бура која ќе ја погоди Земјата?

Можеби сте слушнале за масивна или огромна соларна бура која треба да ја погоди Земјата во следните денови, но нема потреба да се криете в бункер. Иако геомагнетната бура доаѓа на северната хемисфера, таа изгледа прилично безопасна.


Коронална дупка
Фото: Science Alert

Според Нациооналната администрација за океани и атмосфера (НОАА), предупредувањето за мала геомагнена бура е издадено за 14 и 15 март. Метеоролозите предвидуваат бура  со ниво Г1, што е најниското ниво на скалата за соларни бури, чие највисоко ниво е Г5. Соларните бури често се случуваат кога Сонцето ќе исфрли јак пламен и коронална експлозија, која испраќа плазма и електромагнетна радијација во вселената. Ако тоа се случи во насока кон Земјата, ние можеме да ги видиме ефектите додека наелектризираните честички се во интеракција со нашата магнетосфера.

Најавата за бурата најверојатно е поради друг феномен - короналните дупки. Ова се поладни, помалку густи региони од плазма и отворени магнетни полиња. Овие отворени структури им дозволуваат на соларните ветрови да избегаат полесно, што може да ја исфрли елеткромагнетната радијација кон Земјата ако дупката е во таа насока. Таквите дупки обично може да се забележат до текот на соларниот минимум, мирниот период од 11-годишниот циклус на Сонцето кој моментно го преживуваме. Всушност, сега Сонцето се однесува многу мирно.

-Нема сончеви дамки на видливата страна од Сонцето и соларната активност беше многу мала и не беа забележани пламени. Не беа забележани коронални експлозии насочени кон Земјата - стои во временскиот извештај за изминатите 24 часа.

Па што значи оваа Г1 бура за Земјата? Всушност, не многу. Може да има некои многу мали варирања во електричната мрежа предизвикани од мали бранови на геомагнетно индуцирана струја кои веројатно нема ни да ги почувствувате. НОАА исто така забележа дека може да има и мали попречувања во работата на сателитите, како на пример со ГПС и сигналите за комуникација. Значи не, нема да останете без електрична енергија и телекомуникацијата нема да престане да функционира. Се е добро и можете да продолжите со животот.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука