X
 15.03.2018 Живот

Сакаше да се шегува на своја сметка


Стивен Хокинг левитира
(Фото: Wikimedia Commons)


Стивен Хокинг стана познат по својата работа на полето на теоретската физика, но пошироката јавност имаше можност да го запознае и по неговото учество во многу познати телевизиски серии и емисии.

„Збогум, Стивен Хокинг, најинтелигентната ѕвезда во историјата на Симпсонови“, напиша извршниот продуцент на популарната анимирана серија, Мет Селман.


Хокинг имал улога на гостувачки актер во „Симпсонови“ во неколку епизоди од 1999 до 2010 година. Во една епизода, со наслов „They Saved Lisa’s Brain“, угледниот автор патувал во Спрингфилд за да ги извести масите дека нивната идеја за утопија ќе пропадне.

Неколку пати се појавил и во анимираното шоу за возрасни „Futurama“. Првото појавување на Хокинг било во втората сезона каде поголемиот дел од неговото тело „исчезнува“, за во следната сезона да се прикажува само неговата глава. Бил во друштво со Ал Гор, а зборувал за работата на временскиот континуум.



Во легендарниот филм „Star Trek: The Next Generation“ од 1993 година, командирот Дејта играл покер со холограмите на Хокинг, Алберт Ајнштајн и Исак Њутон.

Меѓу последните улоги му била улогата во популарната серија „Бубалици“, каде глумел дури во седум епизоди.



Иако неговиот лик се појавил и во епизодите од анимираната серија „Family Guy“, неговиот глас не бил емитуван, а за него зборувал Сет Мекфарлен. Без Хокинг не поминале ниту сериите „Doctor Who„, „Malcolm in the Middle“, „Dexter’s Laboratory“, „Seinfeld“.



Снимен е и филм за неговиот живот, „The Theory of Everything“. Филмот бил номиниран во категоријата „најдобра фотографија“, а неговиот лик го толкувал актерот Еди Редмејн кој добил Оскар за најдобар актер токму за оваа улога.

Хокинг гостувал и во многу телевизиски шоуа како: „Last Week Tonight with John Oliver“, „Late Night with Conan O’Brien“, „The Culture Show“, „Alien Planet“ и други.

Стивен Хокинг почина вчера рано наутро во својот дом во Кембриџ, на 77-годишна возраст.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот