X
 26.04.2015 Технологија

Стивен Хокинг се појави како холограм на настан во Сиднеј


Со оглед на тоа што некои научници веќе претпоставуваат дека универзумот е еден голем холограм, соодветно физичарот Стивен Хокинг, кој навистина знае многу во областа, се појави како таков во Сиднеј вчеравечер.

Неговата слика вила испратена од неговата канцеларија на Универзитетот во Кембриџ. Тој бил снимен и претставен во 3-Д пред возбудената публика во операта во Сиднеј. Неговата ќерка била присутна физички во Сиднеј и застанала на сцената заедно со неговиот холограм и зборувала за неговиот живот и неговото дело.

Технологијата потребна за изведбата на холограмот била обезбедена од „Cisco“, во соработка со операта. Предизвикот за компанијата бил тој што Хокинг не можел да допатува до Австралија, но сепак сакале да присуствува на настанот и неговото присуство да изгледа што пореално за публиката.

Хокинг ќе се појави преку холограм и по вторпат денес (недела) на истата локација.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија