X
 18.04.2023 Економија

Колку чинат недвижностите покрај море во регионот?

Веројатно досега сте помислиле колку би било убаво да имате стан на море? Во регионот има голема побарувачка за вакви недвижности, а инфлацијата влијаеше врз нивните цени, но има локации каде што може да се најдат станови по пристојни цени.

Албанија

Наместен стан од 63 квадратни метри во Голем, недалеку од морето, чини околу 44.500 евра. Помалите станови од 50 квадратни метри чинат околу 35.000 евра. Становите од 63 квадратни метри во Шенѓин во близина на морето чинат 51.500 евра, но не се опремени.

Стан во Саранда од 65 квадратни метри чини 58.000 евра, додека двособен стан од 48 квадратни метри во близина на Валона чини 48.000 евра.

Босна и Херцеговина

Неум е мало место и единствен град во Босна и Херцеговина кој излегува на море. Стан од 37 квадратни метри чини околу 62.000 евра, а двособен стан од 56 квадратни метри може да чини околу 120.000 евра. Куќа од 160 квадратни метри во близина на морето чини 665.000 евра.


Фото: Pixabay

Хрватска

Очекувано, најскапите недвижности покрај море се во Хрватска. Наместен стан блиску плажа кај Пула со површина од 65 квадратни метри чини околу 210.000 евра. Од друга страна, стан од 82 квадратни метри со поглед на море во Цриквеница чини 390.000 евра.

Трособен стан со поглед на море во Макарска чини 285.000 евра. Во Опатија, голем стан од 280 квадратни метри со поглед на море чини 798.000 евра.

Црна Гора

Еднособен стан во Рафајловиќи со површина од 40 квадратни метри чини околу 147.000 евра. Будва е поскапа, па гарсониера на 250 метри од морето чини 75.000 евра.

Од друга страна, гарсониера во Бар може да се најде и за 72.000 евра. Еднособен стан во Сутоморе со површина од 52 квадратни метри чини 98.300 евра.

Извор: Ekapija
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија