X
 18.06.2025 Живот

Kопенхаген го презеде тронот - нов шампион меѓу градовите со најдобри услови за живот

Копенхаген се искачи на првото место на листата со светски градови со најдобри услови за живот, симнувајќи ја Виена која три години по ред ја држеше водечката позиција, покажува најновото истражување.

До оваа промена на врвот на престижната листа на британскиот „Економист“ дојде по неколку години стабилност. Данската престолнина добила максимални 100 поени во категориите стабилност, образование и инфраструктура.

Минатата година Копенхаген беше втор, додека сега таа позиција ѝ припаѓа на Виена.

Главниот град на Австрија ја дели втората позиција со Цирих, престолнината на Швајцарија. Зад нив се Мелбурн во Австралија и уште еден швајцарски град, Женева.

Глобалниот индекс за услови за живот во градовите за 2025 година, подготвен од истражувачкиот и аналитички центар на групацијата „Економист“, го оценува квалитетот на живот во 173 града во светот, врз основа на 30 индикатори од различни категории, меѓу кои здравствена заштита, култура и животна средина.

Во првите десет се најдоа и Сиднеј од Австралија на 6. место, потоа Осака од Јапонија, Оукленд од Нов Зеланд, уште еден австралиски град, Аделаида, како и Ванкувер во Канада.

Оваа година на листата со десетте најдобри градови за живеење не се најде ниту еден германски град.

Извор: Euronews.rs
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот