X
 18.07.2018 Наука

Совети од научниците: Како повторно да заспиете ако сте се разбудиле во текот на ноќта?

На сите ни се случило тоа. Убаво си заспивате после долг и напорен работен ден, но околу 2 часот по полноќ нешто се случува. Наеднаш сте будни, и без разлика на тоа колку овци ќе изброите или колку чаши млеко ќе испиете, ништо не ви помага да се вратите в кревет. Додека повеќето луѓе ја поврзуваат несоницата со неможноста да заспијат, таа важи и за луѓето што не можат да заспијат откако ќе се разбудат во текот на ноќта.

Ова се советите што ги даваат научниците:

1. Оставете го мобилниот настрана


Кога се обидувате да заспиете откако сте се пробудиле во текот на ноќта, една од најголемите пречки е светлината. Ова е особено вистинито кога станува збор за екранот на вашиот паметен телефон.

На искушението да видите што се случува на социјалните медиуми е тешко да му се одолее, но ако го земете в раце, тогаш 15-минутното прекинување на сонот ќе се претвори во целосно изгубена ноќ.

2. Игнорирајте го часовникот

Освен телефонот, треба да го игнорирате и часовникот. Всушност, не грижете се за часот затоа што тоа ќе ви го зголеми стресот.

Размислете: ако треба да бидете будни во 6 часот наутро и ако случајно сте се разбудиле во 4 часот наутро, голема е веројатноста да си го кажете она што секогаш си го кажуваме: Ако заспијам сега, ќе имам уште два часа за спиење. Тогаш што се случува? Ништо. Се вртите и наеднаш доаѓа 5:59 часот, а вие и понатаму сте будни благодарение на непотребниот стрес што сте му го предизвикале на телото.

Не грижете се за времето - веќе е надвор од ваша контрола.

3. Не плашете се да станете


Не можете да заспиете и по 20 минути? Тогаш време е да станете. Научниците препорачуваат извршување на некоја лесна работа - лесно читање, истегнување. Нешто што ќе ви го тргне умот од фактот дека не можете да заспиете.

4. Вежби за дишење


Напнатото тело нема шанси да заспие за брзо време, така што потребно е да се релаксирате. Еден начин да го направите тоа е длабокото дишење - вдишете низ носот и издишете низ устата во ритмички циклус. Или можете да повторувате честа фраза или збор, на пример „опушти се“ - во ритамот со дишењето.

5. Фокусирајте се на она што ве опушта

Еден од клучните моменти за повторно заспивање е да се фокусирате на менталните слики што најмногу ве опуштаат, советуваат научниците. Ваквиот тип слики го тргаат вниманието од проблемот со сонот.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука