X
 18.08.2023 Живот

Психолозите порачуваат - паузите се корисни за вас и за вашата работа

Колку пати сте седеле на стол цел ден гледајќи во мониторот? Многубројните обврски може да бидат причина да останете во оваа позиција со часови без пауза. Меѓутоа, психолозите велат дека мора да се прават паузи за да се зголеми продуктивноста.

Според експертите, привремениот одмор од работа и станување од работната маса ќе ве наполни со енергија и ќе ви даде чувство на корисност. Седењето не го подготвува телото за креативна и продуктивна работа, а одморот може да послужи како креативно гориво. Без оглед на тоа колку ја сакате работата, не може да создавате додека сте „празни“.

Десетминутниот разговор со пријателите или гледањето забавно видео може да биде доволно за одмор и мотивација. Според истражувањата, лесното размрдување, односно умерената кардиоактивност може да ги поттикне креативноста и продуктивноста.

Психологот Гордана Мијалковиќ објасни дека паузите се потребни за да се обноват мозокот и енергијата.

- Паузата ни е неопходна за да се подготвиме за нови активности. Таа ни ја враќа енергијата на различно ниво - објаснила таа.

Според неа, понекогаш е доволно само да се одвоиме од стерилната средина која од нас прави роботи.

Извор: Bizlife
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот