X
 06.11.2019 Технологија

5Г-мрежата ќе ја унапреди работата од дома како никогаш претходно

Модерното време донесе и модерен начин на работење, што е добро познато за големите компании, но и за оние технолошките каде што се вработуваат луѓе без оглед каде живеат. Затоа што сè може да се направи од дома, особено сега кога доаѓа ерата на 5Г!

Мобилните мрежи од петтата генерација (5Г) ќе трансформираат буквално сè. Очекувањата се големи затоа што тие се засноваат на многу повисоки стапки на податоци и помала латентност, или одложување на трансферот на тие податоци.

Со толкаво забрзување ќе профитираат и домаќинствата, а со тоа и вработените, кои добиваат брзина за која само може да се сонува. Ова ви овозможува да управувате со големи податоци, видеосодржини, виртуелна и зголемена реалност, моделирање, програмирање... нема ограничување! Така, работата на далечина ќе биде можна како никогаш досега.

Да, се применува и денес, но со 5Г сето тоа ќе го претвори во подобро, помоќно... Јасно е дека вработените ќе можат да го исполнат целиот свој потенцијал, но и компаниите што ги вработуваат. Не само во најразвиените земји во светот, туку и насекаде.

Се разбира, од суштинско значење е да можете да ги користите сите потребни алатки за да ја завршите работата, а со 5Г тоа ќе биде беспрекорно, што значи дека ефикасноста на бизнисот и самата работа ќе бидат значително подобрени.

Истовремено, 5Г-мрежата ќе овозможи уште поквалитетно работење не само од дома, туку од каде било бидејќи мрежата е добра, висококвалитетна и стабилна.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија