X
 18.10.2023 Живот

Каде одат на одмор ултрабогатите луѓе?

Денес има повеќе од 25.000 центимилионери низ светот, кои формираат елитен клуб составен првенствено од основачи и наследници на семејно богатство.

Според компанијата „Хенли & партнерс“, повеќето од овие поединци го поминуваат своето време на неколку имоти.

За да ги истражува дестинациите што се најбарани од ултрабогатите, веб-страницата „Вижуал капиталист“ ги визуализира градовите во кои бил забележан најголем прилив на сезонски центимилионери во 2022 година.

Трите најчести места за сезонски одмори на ултрабогатите се наоѓаат во САД: Мајами, Хемптонс и Вест палм бич на Флорида.

Ова можеби не е шок со оглед на концентрацијата на центимилионери во САД, при што Њујорк, Заливската област на Сан Франциско и Лос Анџелес се дом на најголем број центимилионери во светот.

Без оглед на тоа каде живеат во текот на годината, листата подолу открива каде се собираат овие богаташи за сезонски одмори во нивните секундарни домови.

1. Мајами, Флорида
2. Хемптонс, Њујорк
3. Вест палм бич, Флорида
4. Париз, Франција
5. Санта Барбара и Монтесито, Калифорнија
6. Сан Диего, Калифорнија
7. Ница, Франција
8. Напа, Калифорнија
9. Златен триаголник, Алгарве, Португалија
10. Аспен, Колорадо

На листата се и неколку француски градови - Париз, Ница, Кан и Антиб, како и Златниот триаголник во Португалија и Лисабон.

1

Според извештајот на „Хенли & партнерс“ за 2023 година, центимилионерската популација се очекува да порасне за 38 отсто во следната деценија, достигнувајќи речиси 40.000 до 2033 година.

Голем дел од овој раст се очекува да биде забележан во земји како Кина, Индија и Саудиска Арабија. Кинеските Хангжу и Шенжен, конкретно, се очекува да забележат највисок процентуален раст на центимилионерската популација до 2033 година, со раст од 95 и 88 отсто, соодветно.

И покрај брзиот раст на богатите на Исток, сепак, забележливо е дека многу центимилионери сè уште дипломираат на американските универзитети.

Повеќе од половина од првите 20 универзитети со најмногу центимилионерски алумни се во САД, а „Харвард“, „Стенфорд“ и Универзитетот во Пенсилванија ги држат првите три места.

Извор: Visual Capitalist.com
Фото: Visual Capitalist
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот