Луксембург е најскапиот град за станари во Европа. Таму ќе плаќате 43,40 евра за квадратен метар месечно, што е речиси десет пати повеќе од киријата во Драч, Албанија, најевтиниот град на листата. Тоа е за над 10 евра за квадратен метар повеќе од киријата во Париз, кој е на второ место на листата со најскапи.
„Делоит“ редовно објавува индекс на цените на недвижностите во Европа во својот годишен извештај. На пример, од регионот, Сплит се најде на 33. место, Загреб на 41. место, а на дното на листата е Сараево, кое се најде на 71. место.
Даблин се најде на третото место, со просечна цена од 31,70 евра за квадратен метар. Лондон, каде што е исклучително тешко да се најде прифатлив стан за изнајмување, е на 9. место, со просечна кирија од 23,80 евра по квадратен метар месечно.

10. најскапи европски градови за изнајмување, по квадратен метар:
Луксембург, Луксембург: 43,40 евра
Париз, Франција: 32 евра
Даблин, Ирска: 31,70 евра
Барселона, Шпанија: 29,90 евра
Осло, Норвешка: 27,30 евра
Мадрид, Шпанија: 27,10 евра
Амстердам, Холандија: 26,30 евра
Копенхаген, Данска: 24,80 евра
Лондон, Англија: 23,80 евра
Голвеј, Ирска: 22,90 евра
Извор: punkufer.dnevnik.hr
Фото: Freepik