X
 19.01.2020 Живот

И во зима одите на работа со велосипед? Имаме трикови за поудобно возење

Повредите и скршениците предизвикани од пад од велосипед се честа појава.

Со редовното возење велосипед позитивно влијаете врз здравјето, а љубителите на велосипедизмот ќе речат дека таа активност е еден вид антистрес-терапија. Многу истражувања покажале дека само 20 минути дневно на велосипед може да придонесат за намалено лачење на хормоните што предизвикуваат стрес.

Во текот на возењето велосипед нашето тело е во таква положба што стапалата, зглобовите и колената не доживуваат оптоварување. Важно е и правилно да се намести велосипедот за да се избегне можниот напор.

Сепак, имајте на ум дека ниските температури ги менуваат условите на прилегнувањето на гумата на подлогата. Пошироките димензии на гумите се подобар избор за зимските месеци бидејќи нудат дополнителна сигурност.

Гумите не мора да бидат целосно напумпани. Испуштете малку воздух од нив за уште поширока допирна површина со површината.

Бидете дополнително внимателни во текот на врнежливите денови, а може и да се симнете од велосипедот на местата каде што има снег и мраз за поголема безбедност.

Поради високиот центар на тежиштето и малите површини на потпирање, се губи триењето меѓу тркалото и подлогата, што ги зголемува шансите за лизгање и паѓање.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот