X
 19.01.2022 Живот

Обединетото Кралство ќе тестира четиридневна работна недела

Четиридневната работна недела звучи примамливо за многумина, а некои компании и земји веќе го тестираат овој начин на работа. Нова пилот-програма во Обединетото Кралство е најновата во низата што ќе тестира четиридневна работна недела.

Програмата ќе трае 6 месеци и вработените што ќе учествуваат во неа нема да бидат платени помалку од претходно. Програмата ќе започне во јуни годинава и ќе вклучи 30 компании.

Зад неа стојат истражувачи од повеќе универзитети и организации, меѓу кои и „Кембриџ“ и „Оксфорд“. Во моментов трае пријавувањето на компаниите што сакаат да учествуваат во програмата.


Фото: Pixabay

Минатата година Исланд објави резултати од повеќегодишна програма за тестирање пократка работна недела. Резултатите покажале дека вработените се посреќни, поздрави и попродуктивни кога работат само четири дена во неделата. Компании меѓу кои и јапонската подружница на „Мајкрософт“ исто така тестирале вакви програми, а „Панасоник“ неодамна воведе опција за четиридневна работна недела за вработените.

Податоците покажуваат дека работниците ги поддржуваат ваквите иницијативи. Во анкета спроведена во САД на млади лица од 22 до 35 години било заклучено дека 80 отсто од испитаниците би поддржале воведување четиридневна работна недела.

Извор: Mashable
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот