X
 17.02.2022 Живот

Велс ќе тестира доделување основен приход на младите

Владата на Велс ќе спроведе пробна програма за доделување универзален основен приход од 1.600 фунти месечно на 500 жители. Во рамките на програмата ранливите млади лица ќе добиваат по 19.200 фунти годишно, во период од две години, кога ќе наполнат 18 години.

Во неа може да учествуваат младите лица што си заминуваат од социјални институции. Првиот план вклучувал доделување основен приход на 250 лица, но бројот бил удвоен за да се добијат подобри заклучоци од експериментот.

Според програмата, сите млади лица што ќе учествуваат во неа ќе го добијат надоместот за да ги покријат трошоците за живот без никакви услови. Програмата била предложена за да се обезбеди поголема економска сигурност и можности за младите. Претходно, слични програми биле тестирани во Финска и во Холандија.

Владата на Велс сака да види дали универзалниот основен приход ќе придонесе кон намалување на сиромаштијата и невработеноста и ќе ја подобри здравствената и финансиска состојба на младите.

Извор: Independent
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот