X
 19.02.2026 Технологија

Ватикан ќе користи вештачка интелигенција за преведување на мисите

И Ватикан не сака да се откаже од можностите што ги нуди вештачката интелигенција, па затоа папската базилика „Свети Петар“ во Ватикан соработува со компанијата за јазични услуги „Транслејтед“ за да креира преводи во живо на 60 јазици.

- Сакаме да ѝ служиме на мисијата што го дефинира срцето на Католичката црква, универзална по самиот нејзин повик и улога - истакнал кардиналот Мауро Гамбети.

Услугата ќе им овозможи на верниците да ја следат мисата на своите паметни телефони и треба да биде лансирана следната недела, за време на главните прослави во базиликата „Свети Петар“ по повод  400-годишнината од осветувањето.


Преводот со вештачка интелигенција ќе работи преку QR-код кој посетителите можат да го скенираат на влезовите во Ватикан. Потоа ќе имаат аудио и текстуални преводи во реално време преку нивните веб-прелистувачи, без потреба од преземање апликација.

Системот за превод ја користи Лара, алатка со вештачка интелигенција развиена од „Транслејтед“ во соработка со „Карнеги-АИ ЛЛЦ“ и професорот Александар Вајбел, пионер во преводот на говорите со помош на вештачка интелигенција.

Извор: vidi.hr

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија