X
 22.11.2025 Живот

Користењето телефон ноќе е поврзано со повисоки нивоа на суицидни мисли кај возрасни што веќе имаат ризик-фактори

Користењето на паметните телефони и нивното влијание врз менталното здравје се опширно проучувани поради растечката зависност на луѓето од уредите.

Неодамнешна студија го следела користењето на паметните телефони доцна навечер кај 79 возрасни лица со неодамнешни суицидни мисли во текот на 28 дена. Луѓето што користеле телефони помеѓу 23:00 и 1:00 часот по полноќ покажале поголем ризик од суицидни мисли следниот ден, додека оние што активно го користеле уредот по полноќ покажале помал ризик.

Ноќе, кога светот конечно се смирува, суицидните мисли или идеи често стануваат погласни во умот. Само во САД секоја година над 10 милиони возрасни доживуваат суицидни мисли, па затоа е важно да се препознаат и факторите што го зголемуваат ризикот.

Претходните истражувања покажале дека лошиот квалитет на спиење или пократкиот сон се поврзани со зголемување на суицидните идеи следниот ден. Ова поставува важно прашање: како активностите што луѓето ги прават додека се будни ноќе можат дополнително да го зголемат овој ризик?

Една активност што станува сè почеста е користењето паметни телефони пред спиење. Иако е општо познато дека ова однесување може да го наруши сонот на неколку начини, како што се сината светлина што го држи мозокот буден, и емоционално возбудувачката содржина или известувањата се тие што ја прекинуваат тишината. Покрај тоа, пишувањето пораки ноќе или будењето со известувања е поврзано и со зголемен психолошки стрес.

Студиите откриле дека луѓето што се борат со суицидни мисли, исто така, имаат тенденција да ги користат своите телефони доцна навечер. Сепак, не се знае многу за тоа како употребата на дигитална технологија во текот на овие часови влијае врз ризикот од самоубиство, или дали влијанието се разликува кога некое лице пасивно „скрола“ на својот паметен телефон, наспроти активното ангажирање.


Следење на активната наспроти пасивната употреба на паметни телефони

Истражувачите на оваа студија сакале точно да разберат кога и како употребата на телефон може да стане ризик-фактор. Затоа, тие регрутирале 79 возрасни лица кои имале висок ризик поради пријавени суицидни мисли или однесувања во изминатиот месец. Во текот на 28 дена студијата собрала над 7,5 милиони снимки од екранот од телефоните на учесниците, со инсталиран софтвер што го снимал екранот на секои 5 секунди секогаш кога нивниот уред бил активен.

Нивната анализа покажала дека подолгите паузи во користењето на телефонот од 7 до 9 часа покажале пониски нивоа на суицидни мисли отколку паузите од 4 до 7 часа. Користењето на телефонот помеѓу 23 часот и 1 часот наутро било поврзано со повисоки нивоа на планирање на самоубиство следниот ден, во споредба со користењето телефон помеѓу 1 и 5 часот наутро. Тие, исто така, откриле дека активноста на тастатурата - особено помеѓу 1 и 5 часот наутро - покажала некои заштитни ефекти бидејќи нивоата на ризик следниот ден биле пониски во овие случаи.

Сепак, некои експерти забележуваат дека пријавените ефекти треба да се толкуваат со претпазливост бидејќи големината на примерокот е доста мала и студијата е спроведена на едно место. Тие, исто така, истакнале дека луѓето што се чувствуваат депресивно имаат тенденција да ја преценуваат употребата на телефон, што може да создаде погрешни корелации.

Извор: medicalxpress.com

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот