X
 19.03.2023 Наша тема

Интервју со Јетон Шаќири, Беира Салифоска ја одбрани првата дипломска напишана на Брајово писмо - Што пишувавме неделава

Интервју со Јетон Шаќири: Платите на универзитетските професори растат бавно поради ограничениот буџет, но се работи на модел за финансирање на високото образование
Управувањето на ваков сектор, како што е образованието, не може да се сведе само на кабинетска работа. Морате да излезете на терен, да се соочите и да разговарате со сите чинители во сферата. Видов модерни, но и училишта каде што условите за настава се на долниот праг на скалата на квалитетот. Училишта чии капацитети се максимално искористени и имаат огромен број ученици и училишта кои се речиси празни, а продуцираат големи трошоци, вели министерот за образование и наука Јетон Шаќири

Беира Салифоска ја одбрани првата дипломска напишана на Брајово писмо кај нас: „Не е целта да се запишеш на факултет само колку да го завршиш“
Решив да се запишам на факултет бидејќи првично сакав да се надградам себеси, да научам нешто повеќе, а притоа сакав да станам стручен едукатор за да можам да им помогнам на други лица со оштетен вид со моето лично искуство, со цел да им се подобри животот, вели Беира.

Кога бев студент со проф. д-р Драган Даутовски: „Сопругата ме натера да се запишам на ФМУ, инаку ќе заминев надвор“
Со сопругата Лимонка сме пар од факултет, инаку се запознавме кога таа беше матурант во музичкото средно училиште во Скопје и да не беше таа, мислам дека ќе си заминев. Бевме апсолвенти кога ни се роди синот Ратко, раскажува Драган

Партиите да не ги диктираат вработувањата, порачува професорот Александар Адамовски, кој по 13 години работа во образование конечно доби решение
Oд преголема љубов кон наставата, волонтерски држел часови, па го ангажирале како заменски професор, тропал на многу врати барајќи работа и на крај кога ја добил, не почувствувал голема еуфорија. Вели дека во него се наталожиле многу работи додека минувал по тој трнлив пат.

Аероклубот „Скопје“ ја почна обуката за нови падобранци: „По првиот скок, почетниците пловат по облаци иако веќе слетале“
Едни ќе речат дека падобранството е само метод да се спасиш ако паѓаш од високо. Други, пак, дека е екстремно, страшно и непотребно. И тоа е нивната вистина. За падобранците од аероклубот „Скопје“, кој годинава слави 100 години, падобранството е начин на живот.

Учиме само 6 предмети по наш избор, професорите ни се како другари, а задолжително е волонтирање, вели Ивана Петковска, која учи во Холандија

Меѓународната програма дава повеќе од 70 опции за предмети кои еден ученик може да ги посетува во тие две години. За разлика од големиот број предмети што се изучуваат во Македонија, ние сме фокусирани само на 6 (природни науки, општествени науки, прв јазик, втор јазик, математика, уметност). Јас изучувам економија, глобална политика, ЕСС, математика, македонски и англиски.

Издвојуваме

Наша тема