Некои држави во светот се толку богати што доминираат во глобалната економија. Кога се зборува за најголемите финансиски сили на планетата, најчесто први на ум ни паѓаат САД и Кина. Но следната држава на таа листа не се наоѓа ниту во Азија ниту во Северна Америка, туку во Европа, а нејзината економија е значително поголема отколку што многумина мислат.
Иако повеќе европски држави имаат силни економии, една јасно се издвојува. Таа произведува повеќе стоки и услуги од која било друга земја на континентот и со години ги надминува своите соседи. Воедно, има и повисок БДП од Обединетото Кралство, Португалија и Грција заедно.
Според најновите податоци, оваа земја генерира билиони долари годишно и стабилно се наоѓа меѓу врвните глобални економии.
Податоците на „Ворлд попјулејшн ривју“ за 2025 година покажуваат дека Германија е најбогатата држава во Европа, со бруто-домашен производ од 4,74 билиони долари.
На второ место е Обединетото Кралство со 3,84 билиони долари, по што следува Франција со 3,21 билиони, Италија со 2,42 билиони и Русија со 2,08 билиони долари.
Подолу на листата, Португалија се наоѓа на 18. место со 321,44 милијарди долари, додека Грција е на 20. место со 267,35 милијарди долари. Тоа значи дека БДП на Германија е поголемо од БДП на Обединетото Кралство, Португалија и Грција заедно.
Богатството на Германија произлегува од високо развиената и разновидна економија. Таа ја има најголемата национална економија во Европа и една од најголемите во светот.
Германија е и членка-основач на Европската Унија и на еврозоната и учествува со речиси една четвртина од вкупната економија на еврозоната.
Земјата е позната по својата силна извозна индустрија и е трет најголем извозник во светот, со извоз од 1,66 билиони долари во стоки и услуги во 2024 година. Воедно, забележала трговски суфицит од 255 милијарди долари, еден од највисоките на глобално ниво.
Германија е и најголемата производствена сила во Европа, создавајќи околу една третина од вкупното индустриско производство на континентот. Експертите наведуваат дека оваа силна индустриска основа ѝ помага на земјата да остане отпорна при глобални кризи.
Земјата вложува значителни средства во истражување и развој, издвојувајќи околу 3,1 отсто од БДП за научни и технолошки иновации, а воедно располага и со еден од најсилните системи за социјална заштита во светот.
Економијата дополнително е поттикната од милиони мали и средни претпријатија кои доминираат на светските пазари во високо специјализирани индустрии.
Финансиските центри како Франкфурт, Минхен, Хамбург и Берлин играат значајна улога, како и глобалните банки и меѓународните саеми што секоја година привлекуваат компании од целиот свет.
Германија е и меѓу светските лидери во обновливата енергија, со долгорочниот план според кој речиси половина од електричната енергија во земјата доаѓа од обновливи извори.
Извор:
Express.co.uk
Фото: Freepik