X
 19.06.2020 Живот

Топлински пумпи VIVAX – решение за идеална температура во домот во текот на целата година

Најважното нешто на секој дом е наоѓање идеално решение за ладење и греење кое ќе биде најефикасно и најефективно и ќе има најниски трошоци. Секое домаќинство посакува да има идеална температура во текот на целата година, независно oд тоа дали температурите се екстремно ниски или летните горештини го достигнуваат врвот. Вистинското решение на овие желби и потреби го нудат новите топлински пумпи VIVAX, кои можат да го претворат домот во вистинска оаза на удобност со совршена температура во текот на целиот ден, секој ден.

Предноста на користењето енергија од природата е секако во обновливите и неограничените ресурси. Бесплатната енергија е насекаде околу нас – во водата, воздухот, земјата, сонцето. Еколошкиот систем на топлинските пумпи VIVAX ги користи овие извори на енергија, со што ја гарантира економичноста и ја зголемува фреквенцијата на примена. Електричната енергија се користи минимално, односно само за работа на пумпата, така што загадувањето на воздухот се намалува дури до 95%.



Напредната технологија и ефикасните карактеристиките на топлинските пумпи VIVAX значат дека секое домаќинство може да ужива многу повеќе отколку само загревање и ладење на домот. Со системите за ладење и греење со топлински пумпи VIVAX, кои имаат автоматски контролен панел преку кој температурата може лесно да се приспособи и следи во секоја просторија поединечно, и во зима и во лето, многу е лесно да се спроведе и да се најде оптимална температура.

Голем број медицински истражувања и лекарски совети укажуваат на тоа дека идеална и најздрава температура во домот е од 21 до 25 Целзиусови степени. Сепак, ова е променливо, во зависност од тоа дали на поединци им е потребна потопла средина, како што се бебињата, постарите лица или болните луѓе. Додека, пак, на одредени луѓе нормалната температура им е премногу висока и тие ги преферираат пониските температури. Можност за контрола на температурата, квалитетен воздух, намалување на трошоците, топла вода во домот и современа технологија се основните карактеристики на топлинската пумпа што ја нуди компанијата VIVAX на македонскиот пазар.

Без оглед на температурите надвор, идеалната внатрешна температура прави секој човек да се чувствува пријатно додека е во својот дом или на работното место. Топлинските пумпи VIVAX се најефикасното и најефективно решение за постигнување на посакуваната температура, во секое време. За дополнителна погодност, моделот обезбедува можност за регулирање преку далечински управувач преку интернет, така што системот може лесно да се контролира, преку апликација, од паметен телефон, таблет, лаптоп или компјутер. Оваа опција е особено привлечна за корисниците кои честопати се надвор од домот, а сакаат да бидат пречекани од загреана или оладена просторија навреме. Со оваа опција за далечински управувач, односно управување преку интернет, системот може да се активира лесно и едноставно со подесување на само една опција, кликнување од каде било.



Токму поради можноста да се зголеми енергетската ефикасност, топлинската пумпа е најекономичен избор за системот за ладење или греење, особено ако заштедите се гледаат долгорочно. Покрај долгорочната ефикасност и удобност што им ја даваат на клиентите, топлинските пумпи стануваат сè почест избор за системи за ладење и греење во хотелите и другите големи објекти, но исто така сè повеќе се користат во семејните домови.

За дополнителни информации за новите топлински пумпи VIVAX посетете ја веб-страницата http://zivejgovivax.mk/ или некое од продажните места од нашата продажна мрежа https://www.google.com/maps/d/viewer?mid=1QljR3INNv86PN05FkyDe1PNvxh5pgbzS&hl=en&ll=41.567006403650815%2C22.157694274929057&z=8 .

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот