X
 19.08.2021 Живот

ЕК го усвои македонскиот дигитален сертификат за вакцинација и го смета за еквивалентен на тој на ЕУ

Европската комисија денес го усвои националниот дигитален сертификат на Македонија и го смета за еквивалентен на дигиталниот сертификат на ЕУ, соопшти Министерството за здравство, додавајќи дека ние сме прва земја во регионот чии сертификати за ковид-19 ќе се сметаат за еквивалентни на дигиталниот сертификат на ЕУ.

- Со ова се избегнуваат сите ограничувања во патувањата, како што се дополнително тестирање или карантин. Во неопходни случаи, како што е заштитата на јавното здравје, земјите-членки можат да преземат дополнителни мерки. Благодарение на оваа одлука, ќе бидат укинати ограничувањата за патување за луѓето што ги примиле вакцините против ковид-19 одобрени од ЕУ.
Со оваа одлука се гарантира дека сертификатите за ковид-19 издадени од Македонија ќе се сметаат за исти со дигиталниот сертификат на ЕУ за ковид-19, а нашата земја официјално е поврзана со системот на ЕУ и сертификатот за ковид-19 издаден од нашите авторитети ќе биде прифатен во ЕУ под истите услови како и дигиталниот сертификат за ЕУ.  Во практика, носителите на овие сертификати ќе можат да ги користат под истите услови како и носителите на ЕУ-дигиталниот сертификат за вакцинација - стои во соопштението на МЗ.

Насловна фотографија: Freepik

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот