X
 19.12.2019 Наука

Прекрасни поларни светлини се протегаат и на небото на Марс

Исто како и поларните светлини тука на Земјата, така и Марс е осветлен од џиновски аурори предизвикани од соларни ветришта кои се мешаат со атмосферата.

Ново истражување покажува дека најчестиот тип аурора на Марс е протонска аурора, што значи дека може да се види само со ултравиолетови очила. Ултравиолетовата светлина исто така се поврзува и со загубата на вода, се вели во истражувањето, што значи дека аурорите би можеле да објаснат како Марс станал толку безживотен.

Научниците најпрвин ги набљудувале аурорите на Марс во 2016 година, но мислеле дека се екстремно редок феномен. Но, тоа е затоа што гледале само во периодите кога било зима на Марс. Новата студија го коригира тоа.

- Најпрвин верувавме дека овие настани се ретки затоа што не гледавме на вистинските места и во вистинското време - истакна Мајк Чафин, планетарен научник од Универзитетот во Болдер, Колорадо, и додаде дека откако погледнале подобро, сфатиле дека протонските аурори се случуваат многу почесто налето.

Во текот на летото повеќе вода оди во атмосферата на Марс, во густата прашина и се создава голем водороден облак околу планетата. Како што соларните ветришта го погаѓаат тој облак, водородот ефективно е отстранет од планетата. Тоа значи дека овие настани не само што ќе им приредат на идните жители на оваа планета светлосни шоуа, туку аурорите исто така би можеле да им помогнат на климатолозите да го разберат космосот.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука