X
 20.03.2015 Живот

Некои работи што треба да ги знаете за бездомниците

Следниот пат кога ќе поминете покрај бездомник на улица обидете се за замислите што се случило во неговиот живот и зошто тој/таа се наоѓа таму. Класифицирајќи ги овие луѓе како неуспеси или зависници е погрешно.

Сите не се жртви на сиромаштијата


Главната причина за бездомицата е сиромаштијата. Меѓутоа, сите бездомници не се професионално неуспешни луѓе. Дали знаевте дека еден во десет бездомници во САД е ветеран? Тие имале потешкотии со навикнување на цивилниот живот, имале ментални проблеми и слично.

Можеби бегаат од војна, болест или смрт

Многу бездомници избегале од катастрофи кои за многумина се незамисливи. Џими Торонка од Сиера Леоне бил шампион во атлетика, но неговото семејство починало од ебола. Тој одлучил да остане во Велика Британија по завршување на спортски игри. Неговиот пасош и неговитепари биле украдени. Тој станал бездомник.

Тие можеби се бездомници-деца

Дали знаете дека дури 25% од бездомниците се деца или тинејџери? Тие кампуваат во паркови, автомобили и други ризични места. Тука се и тие деца кои чекаат да бидат посвоени.

Можеби се жртви на домашно насилство

Статистиките велат дека дури 90% од сите жени-бездомници биле жртви на домашно насилство. Животот на дом бил подобрата опција кога се работи за овие жени.

Можеби немаат доволно за да го платат сместувањето

Ова се случува кога луѓето со мали месечни примања треба да ја дадат својата плата за мизерно сместување. Ова е уште една причина зошто толку многу луѓе се бездомници денес.

Некои од нив се обиделе да променат кариера

Многу луѓе биле неуспешни во потрагата на работата и морале да останат без дом. Други се обиделе да направат промена во кариерата и да започнат со работа на нешто друго.

Можеби се талентирани луѓе

Дел од нив зборуваат повеќе странски јазици. Меѓу нив има биолози, научници и правници. Некои оздравуваат од тешки операции кои чинеле богатство. Некои се родиле со здравствени проблеми. Има многу приказни. Следниот пат кога некој бездомник ќе се обиде да ви ја каже својата, за промена верувајте му.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот