X
 20.03.2019 Живот

Најскапите и најевтините градови во светот за оваа година

Можеби се значително различни, но Сингапур, Париз и Хонг Конг имаат едно нешто заедничко: официјално тие се најскапите градови во светот. Ова е првпат три града да го делат врвот во 30 години истражување на годишната анкета на „Економист интелиџенс јунит“, која ги споредува цените во 133 градови низ целиот свет.

Францускиот главен град, кој беше на второто место минатата година, сега е еден од четирите европски градови што се најдоа во првите 10.

Истражувањето ги споредуваше трошоците за исти намирници, на пример, лебот, во 133 града. Потоа следеше дали цените се зголемиле или се намалиле, споредувајќи ги трошоците за живеење во Њујорк, кои го користеше како репер.

1
Фото: Shutterstock


Авторот на извештајот, Роксана Славчева, изјави дека Париз е меѓу првите 10 најскапи градови уште од 2003 година и е исклучително скап за живеење.

Просечната цена на женска фризура, на пример, во Париз чини 105 евра, во споредба со 86,46 евра во Цирих и 62,49 евра во јапонскиот град Осака.

- Европските градови имаат највисоки трошоци во категориите за домаќинство, лична нега, рекреација и забава. Париз е добар претставник во овие категории - изјави Славчева.

Инфлацијата и променливите валутни флуктуации помогнале за воведување промени во рангирањето оваа година, па така Аргентина, Бразил, Турција и Венецуела доживеале остар пад во рангирањето на трошоците за живот.

Каракас во Венецуела, каде што инфлацијата достигна 1.000.000 отсто минатата година, принудувајќи ја владата да лансира нова валута, беше рангиран како најевтин град во овогодишната анкета.

Цената на шолја кафе во главниот град Каракас минатиот декември двојно се зголеми на 400 боливари (0,58 евра) во период од само една недела. Дамаск во Сирија беше рангиран како втор најевтин град во светот.

Во „Економист интелиџенс јунит“ се вели дека голем број локации стануваат поевтини поради влијанието на политичките или економските случувања.

10. најскапи градови во светот

1. Сингапур
1. Париз, Франција
1. Хонг Конг, Кина
4. Цирих, Швајцарија
5. Женева, Швајцарија
5. Осака, Јапонија
7. Сеул, Јужна Кореја
7. Копенхаген, Данска
7. Њујорк, САД
10. Тел Авив, Израел
5. Осака
7. Сеул

10. најевтини градови во светот

1. Каракас, Венецуела
2. Дамаск, Сирија
3. Ташкент, Узбекистан
4. Алмати, Казахстан
5. Бангалор, Индија
6. Карачи, Пакистан
6. Лагос, Нигерија
7. Буенос Аирес, Аргентина
7. Ченаи, Индија
8. Њу Делхи, Индија
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот