X
 20.03.2020 Живот

Првпат отворена можност да стигнете до најдлабоката точка во светот

Некогаш само мал број луѓе можеа да се искачат на највисокиот врв на Земјата, но денес речиси секој што може да си го дозволи тоа, може да тренира и да се искачи со нечија помош. Над 4.000 луѓе досега се искачиле на Монт Еверест. Што би правеле сега овие авантуристи, кога веќе го освоиле највисокиот врв? Тие би можеле да одат во спротивната насока, односно да одат до најдлабоката точка во сите океани.

Најдлабоката точка што му е позната на човекот се наоѓа на длабочина од 10.928 метри во Тихиот Океан. Компанијата за патување „ЕЈОС експедишнс“ соработува со компанијата за нуркање „Каладан оушеаник“ за да ѝ понуди на јавноста можност да стане дел од експедиција што ќе нурка до точката.


Фото: EYOS

Колку е ретко ова искуство? Според „ЕЈОС експедишнс“, само седум луѓе досега ја посетиле најдлабоката точка во светот. Холивудскиот режисер Џејмс Камерон е еден од нив.

За претстојната експедиција компанијата поканува само тројца луѓе, а ќе бидат одбрани најбрзите. Цената изнесува 750.000 долари. Тројцата среќници ќе поминат четири часа на морското дно откако ќе стигнат таму.


Фото: EYOS

Моментално, ова е најексклузивната дестинација на Земјата бидејќи само три експедиции стигнале до точката. Повеќе луѓе биле на Месечината отколку на дното од океанот.

Автор: Карла Крипс
Извор: Си-ен-ен 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот