X
 20.10.2022 Живот

Град Скопје: Обезбедени се плати, ЈСП продолжува со нормално функционирање

ЈСП продолжува со нормалното функционирање, соопштија од Град Скопје, од каде што велат дека нашле решение за „вештачки предизвиканата криза во претпријатието“.

- Повикуваме менаџментот на претпријатието во ликот на Управниот одбор на истото веднаш да поднесе неотповиклива оставка од функцијата поради несоодветно менаџирање со претпријатието, поттикнување и предизвикување хаос - стои во соопштението.

Од Град Скопје велат дека платите за ЈСП се обезбедени.

- Во меѓувреме остануваме на барањето Владата и општините во најкус можен рок да ги исплатат насобраните милионски долгови - се заклучува во соопштението.
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот