X
 20.10.2025 Живот

Прогласен е најдобриот бар во светот за 2025 година

Десетте најдобри барови на годишната листа со 50 најдобри барови во светот се наоѓаат во градови од Велика Британија до Мексико.

Листата со 50 најдобри барови во светот за 2025 година беше објавена неодамна и уште еднаш докажува дека светската коктел-сцена никогаш не била повозбудлива, поекспериментална и повкусна - од Милано до Сингапур.

Првото место оваа година му припаѓа на „Бар Леоне“ во Хонгконг - интимен бар со италијански шарм кој е отворен пред само две години.


Основан од шанкерот Лоренцо Антинори, барот е доказ дека едноставноста понекогаш го надминува спектаклот. Филозофијата на овој бар се базира на оживување на класичните коктели со беспрекорна изработка, сезонски состојки и топла атмосфера.

На второ место е „Хендшејк Спикизи“ во Мексико, каде што штом ќе влезете, ќе се чувствувате како да сте стапнале во 20-тите години. Внатрешноста потсетува на ерата на „Големиот Гетсби“ - темно дрво, златни детали и лесна џез-музика - додека пијалаците се вистински уметнички дела во чаша.

Во меѓувреме, Барселона продолжува да владее како европска престолнина на коктели, каде што барот „Сипс“ го освои третото место, а „Парадисо“ четвртото.

Воден од наградуваните бармени Симоне Капорале и Марк Алварез, „Сипс“ зрачи со елеганција и театралност. „Парадисо“ пак, останува едно од најкреативните места за пиење во градот, познато по иновативните презентации на коктелите.

Освен Барселона, единствениот град со два бара во првите 10 е Лондон. „Тајер + Елементари“, познат по својот минималистички дизајн и авангарден пристап, е на шестото место, додека „Д Конот бар“ - легендарна институција во Мејфер позната по сервисот на мартини во количка и беспрекорна услуга, го освои седмото место.

Целата листа со најдобрите барови во светот може да ја погледнете на овој линк.

Извор: forbes.n1info.rs

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот