Сценаристите на серијата „Симпсонови“ секогаш го држат вниманието на гледачите на високо ниво, што ја одржува серијата возбудлива повеќе од 30 години.
Серијата дури доби и филм во 2007 година, а обожавателите беа воодушевени кога се дозна дека се подготвува втор филм, чија премиера ќе биде во јули 2027 година.
Дотогаш, сигурно многу нешта ќе се случат во „Симпсонови“, вклучувајќи и тажни смртни случаи.
Обожавателите неодамна се исплашија кога во епизодата беше „убиена“ Марџ Симпсон. Но, не постои причина за загриженост бидејќи саканата мајка на семејството Симпсон е жива и здрава. Епизодата во која наводно умира Марџ е само приказ на иднината.

Фото: Screenshot/YouTube
Мет Салман, извршен продуцент на „Симпсонови“, ја разјасни ситуацијата уверувајќи ги гледачите дека Марџ веројатно никогаш повеќе нема да умре.
Но, тоа не важи за друг лик, за кого извршниот продуцент Тим Лонг изјави дека сега е „мртов засекогаш“. Станува збор за Алиса Глик, саканата црковна органистка која се појави првпат во епизодата „Три мажи и еден стрип“ во втората сезона од 1991 година. Алиса наводно умре во 22. сезона кога беше нападната од робот-куче, но се појави повторно неколку епизоди подоцна.
- На еден начин, Алиса ќе живее засекогаш преку прекрасната музика што ја создаде. Но, на друг, поважен начин, таа е мртва засекогаш - вели Лонг.
Обожавателите на серијата веднаш реагираа на социјалните мрежи, а многумина изразија разочараност. Некои потсетија дека ова не е првпат Алиса да умре:
- Ова е вторпат што умира - напиша еден твитер-корисник, додека друг додаде: - Нели претходно умре во епизодата кога Лиза ја измислува таа робот-играчка?“
Се чини дека некои работи никогаш нема да ги знаеме...
Извор:
Unilad.com
Фото: Screenshot/YouTube