X
 13.10.2021 Живот

Како се игра „Игра со лигни“?

„Игра со лигни“, популарната серија на „Нетфликс“, го менува начинот на кој гледаме на некои детски игри.

Во серијата, 456 учесници кои имаат финансиски проблеми се поканети да играат во мистериозен турнир во кој може да добијат околу 40 милиони долари. Набрзо тие откриваат дека игрите се ризични бидејќи оние што губат - умираат.

„Игра со лигни“ била многу популарна игра во Кореја во 70-тите и 80-тите години, во времето кога режисерот и автор на серијата - Хуанг Донг-хјук растел во Сеул. Според него, оваа игра би можела да го претставува општеството во кое живееме денес.

Оваа игра се игра на поле во кое има два круга - еден на врвот и еден на дното. Триаголник го сече едниот круг, а квадрат го сече другиот круг. Децата се поделени во две групи: напад и одбрана. Кругот на врвот се смета за куќа на напаѓачите, а квадратот долу е куќа на одбраната. Триаголникот во средина е неутрална зона.


Фото: Wikipedia

Кога напаѓаат, играчите може да се движат само со една нога, а може да се стави една нога во „безбедна зона“ доколку другата нога е надвор од безбедната зона. Кога играч од одбраната ќе стигне до делот на врвот од триаголникот (кој се поклопува со кругот на врвот), откако го поминал „мостот“ што ги поврзува триаголникот и квадратот, тој може да се движи со две нозе на сите места.

На ист начин, малиот круг на дното од квадратот или горните агли на квадратот може да ги унапредат играчите од одбраната да може да ги користат двете нозе. Играчите умираат доколку стапнат на линиите на целото поле, чија форма потсетува на лигна.


Извори: Bustle | Wikipedia
Фото: YouTube (Printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот